Цистерните на “Лукоил” вистинска опасност на патот. Граѓаните спремни на реакција против таквото “лудо” возење

Револтот на граѓаните кон “лудите” возачи од штипски “Ликоил” е се поголем, особено по неколкуте зачестени сообраќајни незгоди предизвикани за краток изминат временски период (н.з. 5-6 само во текот на о.г.). Често пати граѓаните се сведоци како конвој цистерни со дури над 90км/ч поминува низ сите населени места во кои поминува магистралниот пат Штип – Граничен премин Делчево. Револтот на граѓаните се повеќе е насочен и кон одговорните лица во МВР заради анемичноста и попустливоста кон таквиот начин на возење. Често пати упатуваат сугестии и критики кон возачите “убијци” на патот, но се останува на тоа. Не знаат ниту каде повеќе да се обратат, а се прашуваат дали треба да се случи нешто најлошо за да после се бара виновникот.

Лудото возење во конвој, престигнување на непрегледни места со огромна брзина во кривини и населени места им го овозможува токи-воки системот што го поседувааат во секој камион. Првиот камион е “чистач” и дојавувач на останатите во редицата, дали и што следува на делницата пред нив, па другите само следат и додаваат “гас”. Ваквото брзо транспортирање од точка А, до точка Б најверојатно и неофицијално е аминувано и од самиот сопственик на “Лукоил”, покривајќи им ги и паричните казни изречени од полицијата на терен, само што побрзо да се превезе пратката на потребното место.

Граѓаните се повеќе сѐ спремни да спроведат граѓанска иницијатива и да реагираат на свој начин против “монструмите” и “камиказите” од “лудите и паклени” камион-цистерни на Лукоил, која ќе придонесе за нивна заштита во сообраќајот бидејќи опасноста ги демне секој ден и на секоја кривина.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *