ЦЕЛОСНО ИЗГОРЕ КУЌА ВО СЕЛО КОСЕВИЦА. ГРАЃАНИТЕ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА СЕ САМООРГАНИЗИРААТ ЗА СОБИРАЊЕ НА ПОМОШ

02.XI.2017 (kamenica.mk)

Синоќа во пожар целосно изгоре куќа во каменичкото село Косевица. Татко и син останаа без кров над глава. Пожарот избувнал во вечерните часови, кога истиот настанал при запалување на оџакот од куќата.

Иако реакцијата на ТППЕ од Македонска Каменица била навремена, не успеале да го спасат горниот дел од куќата и кровната конструкција. Сега куќата е целосно уништена, таа не може да се користи како живеалиште. 50 годишниот Симеон и неговиот татко од денес остануваат надвор од својот дом, без кров над глава. Целата покуќнина им е уништена. Граѓаните на Македонска Каменица се самоорганизираат со цел да им помогнат во овие тешки моменти. Тие денес самоиницијативно со почеток во 17:30часот пред споменикот на Рударот во центарот на градот ќе постават пункт за собирање на секаков вид помош и донации за своите сограѓани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *