Царовска: Побаравме наставниците да бидат дел од приоритетите групи за вакцинирање

„До Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести имаме поднесени барање наставници да бидат дел од приоритетите групи за вакцинирање. Сметам дека нивниот став е позитивен“, изјави министерката за образование, Мила Царовска на прес-конференција.

Според неа, согласно овој тренд на вклучување на потребен кадар, ќе дојдат и наставниците на ред и дека и тие ќе влезат во групите за вакцинирање.

Национална техничка група за имунизација против ковид-19 донесе одлука од почетокот на следната недела да започне и вакцинацијата на вработени во, како што се нарекува,  критичната државна инфраструктура и за нив се издвоени 4.000 дози вакцини од првичните 24.000 со кои од утре започнува вакцинацијата на граѓаните над 75 години.

Во критична инфраструктура влегуваат следните групи: вработени во МВР кои се најизложени на ризик а за кои МВР треба да достави списоци согласно ризикот, вработени во АРМ исто така согласно список доставен од институцијата за најизложените групи, новинари вработени во медиуми, вработени во обвинителство и судови, возачите на автобуси во ЈСП, пожаникарите, вработените воспитувачки во градинките и вработените на патарините.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *