Хуморот и сатирата преку „Трагачи по парадокси“ се вратија во Македонска Каменица

Вчера, во Дом на култура во Македонска Каменица, се одржа ликовна галерија на која беа презентирани дела изработени од уметници, хумористи и сатиричари.
На настанот, покрај градоначалникот на Македонска Каменица, присуствуваа културни и просветни работници, ученици од СОУ “Миле Јаневски Џингар” и ООУ „Св. Кирил и Методиј“, како и љубители на хуморот и сатирата од нашиот град. Ликовната галерија беше во организација на КИЦ “Романса” – Македонска Каменица, во рамки на годинешново издание на Меѓународниот фестивал “In Vinica Veritas”.
Во склоп на настанот се одржа и промоција на книгата „Трагачи по парадокси”, дело на доајенот на македонската сатира Миле Ѓорѓијоски. Книгата е во издание на Дом на култура „Тошо Арсов“ од Виница.

Пред присутните во Домот на култура во Македонска Каменица, градоначалникот Стаменкова ја искористи приликата преку изразената искрена желба за соработка со сите културни работници и уметници од регионот да се заблагодари за вчерашниот настан во Домот на култура. Изрази надеж дека во иднина, преку константен ангажман и работа со младите, со активности поврзани со КИЦ „Романса“ на полето на хуморот, карикатурата и сатирата,  ќе добиеме плејада хумористи, сатиричари и карикатуристи токму од Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *