ХУМАНА АКЦИЈА: Навивачите на Ливерпул ќе собираат пари за делчевченецот Венцислав Симоновски!

Откако пред неколку месеци беше објавено дека поранешната легенда на Вардар, Венцислав Симоновски живее во крајна беда и едвај преживува, македонската јавност се крена на нозе за да му помогне на членот на златната вардарова генерација од 1987 година, а во акцијата се вклучија и – навивачи на англискиот премиерлигаш Ливерпул, пренесува Спорт1.

Нормално, станува збор за навивачи на „црвените“ од Македонија, кои закажаа масовно гледање на првата четвртфинална пресметка на Ливерпул во англиското дерби со Манчестер сити во Лигата на шампионите на кое собирот ќе има хуманитарен карактер за помош на Симоновски. Настанов веќе се шири по социјалните мрежи, а дружбата на сите фанови од Македонија на „црвените“ ќе се одржи во кафе Драма во Велес, каде се поканети сите приврзаници на клубот од „Енфилд“ од цела Македонија.

Плус, договорено е на настанот да присуствуваат и двајца поранешни фудбалски репрезентативци на Македонија, Панче Ќумбев, претседателот на Синдикатот на фудбалери во Македонија и Саша Ќириќ, актуелниот директор на македонската репрезентација во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Впрочем овие двајца, Ќумбев и Ќириќ беа први што експресно заминаа во посета на Симоновски во Делчево и од свој џеб ја платија струјата за вардаровата легенда да добие барем минимални услови за живот.

„Драги другари и другарки чест ни е да ве поканиме на собирот на навивачи на Ливерпул кој ќе се одржи во Драма Кафе во Велес! На собирот на кој ќе присуствуваат фанови од цела Македонија, ќе се проследи првиот меч од четвртфиналниот дуел во Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Манчестер сити. Освен фудбалскиот спектакл и загарантираната дружба овој собир ќе го искористиме и за хуманитарна акција и собирање на помош за живата фудбалска легенда Венцислав Симоновски. Дополнитено, на самиот собир ќе бидеме почестени со присуството на двајца великани на македонскиот фудбал – Саша Ќириќ и Панче Ќумбев кои ја прифатија нашата покана да ни бидат гости на настанот и да се дружат со нас. Почнете со пакување на навивачките реквизити и ве чекаме во што поголем број во Драма Кафе во Велес“, стои во објавата на македонските навивачи на Ливерпул.

Leave a Reply

Your email address will not be published.