Хотелиерите треба да аплицираат за ваучерите за туризам

Сместувачките капацитети, хотели, вили, апартмани и слични објекти кои се дел од туристичкиот бизнис ќе треба до крајот на месецов да се регистрираат и категоризираат доколку сакаат и кај нив да се користат ваучерите од државата. Тоа треба да го сторат на платформата на Министерството за економија. Рокот е краток, но надлежните уверуваат дека службите ќе бидат ажурни, а хотелиерите најавуваат пониски цени на аранжманите.

„Ќе може да се најде ноќевање и појадок за околу 18 евра, зборуваме за капацитети со четири ѕвездички, а ако се оди со три ѕвезди ќе биде и поевтино. Можно е и за 15 евра а има и приватни сместувања ќе се најдат и за десетина и за 12 евра по вечер.“, изјави Крсте Блажески претседател на ХОТАМ.

Според планот, 117 илјади граѓани се веќе на листите на Владата кои ги исполниле условите и кои ќе добијат ваучер од шест илјади денари за домашен туризам и платежна картичка со три илјади денари за во ресторан или за купување македонски производи во маркетите.

„Рестораните немаат обврска да се пријавуваат или дополнително да се регистрираат како хотелите или останатите сместувачки капацитети за да може кај нов да се користи платежната картичка која граѓаните ја добиваат од државата. Доволно е тоа што тие се фискализирани и имаат пост терминал за плаќање со картичка.“

Сместувачките капацитети на кои им е истечена категоризацијата, поради пандемијата им е дадено продолжена важност од два месеци за да може да функционираат додека да помине здравствената криза. На охридското крајбрежје има 44 категоризирани хотели со околу четири илјади легла. Но, на располагање се и 2.800 објекти кои нудат приватно сместување.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *