ФФМ прва подаде рака за да му помогне на легендарниот Кичо

Веста која денеска се појави во нашите медиуми а која зборува за мизеријата во која живее еден од златната генерација на ФК Вардар, Венцислав Симоновски, не ги остави рамнодушни спортските работници во Македонија, пред се оние од фудбалскиот сектор.

Особено тоа се однесува за раководството на Фудбалската федерација на Македонија, која веќе прави обиди да стапи во контакт со Симоновски.
Па така, раководството на федерацијата најавува дека ќе ги разгледа сите можности како да му помогне на Венцислав Симоновски.
Иако сеуште во некоја рана фаза, за популарниот Кичо би се пронашло некоја позиција на координатор некоја од академиите на ФФМ.
Освен тоа, односно овој убав гест во најава, се јавија уште многу други луѓе, спортски клубови, спортски работници поранешни соиграчи, сите со една иста желба – сакаат да помогнат, секој во рамките на своите можности.

Извор: sportmedia.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *