Футсал Клуб „Рудник Саса“ е на раб на згаснување

Поради недоволни финансиски средства и немање соодветни услови за работа Футсал Клуб „Рудник Саса“ најверојатно ќе прекине со натпреварување во оваа натпреварувачка сезона.

Во известувањето кое интернет порталот kamenica.mk го доби од клубот стои следново:

„Футсал Клуб „Рудник Саса“ неколку години успешно се натпреваруваше во македонските футсал лиги и беше достоен спортски репрезент на Македонска Каменица. Опстојувањето на клубот и неговото учество во регуларнотот првенство е речиси невозожно поради недоволните финансиски средства. Клубот упатува искрена благодарност до Рудник Саса за финансиската поддршка за обезбедување на превоз за гостински натпревари, како и за севкупната поддршка во изминатите години. Огромна благодарност упатуваме и до сите останати правни и физички лица кои несебично го поддржуваа клубот сите овие години, во сите домени од ноговото постоење и функционирање.

Се надеваме дека во иднина Футсал Клубот повторно ќе има нормални услови за работа и дека повторно ќе биде каменички спортски репрезент“

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *