Фудбалските клубови добија ваучери. За ЖФК Саса 280 илјади, ФК Саса ја нема на листата

Фудбалската федерација на Македонија информира дека веќе се подготвени ваучерите за спорт од страна на Агенцијата за млади и спорт (АМС), а финансиски бенефит од институцијата ќе добијат вкупно 26 пријавени клубови.

Клубовите на кои им е доделен ваучер од страна на Агенцијата за млади и спорт, ќе може да го подигнат од 11 јуни во просториите на Фудбалската федерација на Македонија. Најмногу од сите доби Работнички, а потоа следат Вардар, Шкендија, Пелистер, Македонија ЃП, Академија Пандев, Тетекс, Шкупи, Ренова, Победа, Брегалница, Гостивар, Скопје…

Агенцијата за млади и спорт додели ваучери на следните фудбалски клубови:

  1. ФК РАБОТНИЧКИ, ваучер во висина од 6.705.900.оо денари;
  2. ФК ВАРДАР, ваучер во висина од 6.407.860.оо денари;
  3. ФК ШКЕНДИЈА, ваучер во висина од 6.348.252.оо денари.
  4. ФК ПЕЛИСТЕР, ваучер во висина од 5.305.112.оо денари;
  5. ФК МАКЕДОНИЈА ЃП, ваучер во висина од 5.066.680.оо денари;
  6. ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ, ваучер во висина од 4.619.620.оо денари;
  7. ФК ТЕТЕКС, ваучер во висина од 4.470.600.оо денари;
  8. ФК ШКУПИ, ваучер во висина од 4.112.952.оо денари;
  9. ФК РЕНОВА, ваучер во висина од 3.963.932.оо денари;
  10. ФК ПОБЕДА, ваучер во висина од 3.516.872.оо денари;
  11. ФК БРЕГАЛНИЦА, ваучер во висина од 3.427.460.оо денари;
  12. ФК ГОСТИВАР, ваучер во висина од 3.367.852.оо денари;
  13. ФК СКОПЈЕ, ваучер во висина од 3.129.420.оо денари;
  14. ФК БЕЛАСИЦА, ваучер во висина од 2.831.380.оо денари;
  15. ФК СИЛЕКС, ваучер во висина од 2.622.752.оо денари;
  16. ФК СТРУГА ТРИМ ЛУМ, ваучер во висина од 2.533.340.оо денари;
  17. ЖФК ИСТАТОВ, ваучер во висина од 539.580.оо денари;
  18. ЖФК ТИВЕРИЈА, ваучер во висина од 533.232.оо денари;
  19. ЖФК АС ЈУНАЈТЕД, ваучер во висина од 507.840.оо денари;
  20. ЖФК ДРАГОН, ваучер во висина од 507.840.оо денари;
  21. ЖФК АТЛЕТИКО БИТОЛА, ваучер во висина од 479.274.оо денари;
  22. КМФ ЖЕЛЕЗАРЕЦ, ваучер во висина од 443.700.оо денари;
  23. ЖФК ТОП ГОЛ, ваучер во висина од 412.620.оо денари;
  24. ЖФК КОЧАНИ, ваучер во висина од 380.880.оо денари;
  25. КМФ ЈУВЕНТУС СЕРАВА, ваучер во висина од 284.200.оо денари;
  26. ЖФК САСА КАМЕНИЦА, ваучер во висина од 279.812.оо денари;

Покрај фудбалските клубови, Агенцијата за Млади и Спорт претходно им додели ваучери и на Ракометната федерација, Кошаркарската федерација, Одбојкарската федерација и уште многу други.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *