Околу 500 млади французи кои се дел од организацијата Europ’Raid и кои патуваат низа Европа, синоќа, ноќеваа на манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера. Претходно, тие донираа огромни количини училишен прибор за учениците во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ и направија дефиле низ улиците во Македонска Каменица.
За гостите од Франција беше организирана вечера и тие може да пробаат традиционална македонска храна. Во текот на ноќните часови уживаа во македонската музика и настапот на локалниот бенд Nevermind. По денешниот доручок организирано ја продолжија европската авантура и заминаа во соседна Бугарија.
Македонска Каменица беше единственото место во Македонија каде ноќеваа членовите на Europ’Raid организацијата, што претставува огромна реклама за нашиот град и за манастирско-туристичкиот комплекс „Еленец“.
Настанот беше во организација на Здружението на граѓани „Еленец“, со поддршка од општина Македонска Каменица.
фото: Драган Костовски