ФОТО | Тијана Дапчевиќ го промени стилот: Долга коса и фит тело, пејачката доби стотици комплименти

Балканската ѕвезда Тијана Дапчевиќ објави фотографија на нејзниот инстаграм-профил, на која може да се забележи дека пејачката и актерка е во топ форма, а има и нова фризура, па доби бројни комплименти за новиот изглед.

Тијана е препознатлива по нејзината кратка коса и може да се каже дека е нејзин заштитен знак, па затоа сега изненади со долгиот реп со виолетови тонови. Таа беше на диета со која успеа да изгуби повеќе килограми, па затоа некои од фановите и напишаа дека „толку ослабела што дури е во ‘минус’“, но и дека никогаш не изгледала подобро.

Меѓу бројните коментари пофалби пристигнаа и од Каролина Гочева и Миа Костова.

Погледнете ја фотографијата:

 

Инаку, Тијана неодамна изјави дека се здебелила 45 килограми за време на бременоста и имала дури 115 килограми пред да се породи.

„Буквално носев друга личност во себе. Немав врат и рацете ми беа како бутови. Тогаш решив да направам нешто во врска со тоа. Сепак, почнав да слабеам само кога сфатив дека не ми треба каква било диета, туку да го променам начинот на живот. Ние жените имаме неверојатна блокада во главата кога ќе се спомене зборот диета. Тогаш размислуваме само за храна и што ќе јадеме, а што не треба“,  изјави своевремено пејачката и откри дека денот сега денот го започнува со снегулки од овес со чиа и црвено овошје, за ручек обично јаде мисирка со зеленчук, а за вечера риба со салата.

– Имав криза на почетокот, но дадов се од себе да издржам. Сите треба да се обидеме да јадеме храна без шеќер, брашно и млеко. На тој начин ќе ја достигнеме посакуваната тежина, но сепак, како и другите жени, и јас често се опуштам и се здебелувам – заклучи Тијана.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *