(ФОТО) Студентскиот дом “Гоце Делчев“ добива модерно и современо уредени внатрешни простории

Државниот студентски Центар преку Министерството за образование и наука почнува со внатрешното уредување на собите во блоковите В и Г во студентскиот дом „Гоце Делчев“. Овие блокови беа комплетно реновирани и опремени со нови тоалети и мини кујна. Внатрешното уредување на овие простории се однесува на изработка на мебел во брачните, двокреветни и апсолвентски соби, вклучувајќи ги и влезните хола во двата блока во Студентскиот дом „Гоце Делчев“.

Проектот е изработен според барање и насоки од страна на Министерството за образование и наука додека комплетното уредување се однесува на два влезни хола, 16 брачни соби, 256 двокреветни и 64 апсолвентски. Проектираниот мебел е дизајниран според затекнатата реконструирана и адаптирана состојба на собите, задржан е иницијалниот функционален концепт, и обезбедени се основните услови за потребите на корисниците на собите. Секоја соба вклучува кревет, работна маса, работен стол, гардеробер, елементи за одложување на облека, предмети, постелнина и книги, како и флексибилен стол.

Државниот студентски центар неодамна ја промовираше веб страната https://dsdskopje.mk/?fbclid=IwAR3ZQ7_hhBH5pS_je-tLZ0TBX7YfBQ3JhIZ1cm_oMCLRsZlNDjCp9qjm9Qw.

– Ги охрабруваме сите студенти кои имаат проблем или идеја за подобрување на животот во студентските домови да ја пријават преку алатката „Мој домо“. Нашата цел е навремено да одговориме на сите потреби на студентите – велат од ДСЦ.

Извор: ПлусИнфо.Мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *