Фотогалерија од традиционалното дефиле на полуматуранти во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 08.06.2018 година – Денес заврши школската година за учениците од основните училишта во државата. Крајот на учебната годнина беше дочекан со многу нетрпение од сите ученици, особено од учениците кои денес го завршуваат своето основно образование и ја слават својата полуматура. Традиционално и со децении наназад во Македонска Каменица, по тој повод секоја година пред училиштето ООУ „Св.Кирил и Методиј“ и по улиците од центарот на градот се случува дефиле на полуматурантите. Во таа пригода нивните другарчиња и роднини излегуваат да ги поздрават и заедно со нив да ја споделат нивната огромна возбуда и радост.
Погледнете дел од атмосферата забележана преку објективот на младиот фотограф од нашиот град Филип Велков (Filip Photography):

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *