Фондацијата “Ице Бегов” со благодарност до донаторите и помагателите на хуманитарниот настан “Небо Сино” одржан во Македонска Каменица

Фондацијата “Ице Бегов” која минатиот месец го организираше хуманитарниот настан “Небо Сино” во Домот на култура во Македонска Каменица, објави текст во кој упатува благодарност до донаторите и помагателите кои учествуваа во успешната реализација на истиот.

 

Почитувани,

Со големо задоволство и благодарност стоиме пред вас денес, по еден неверојатно успешен хуманитарен настан кој се оддржа на 28-ми јули во Македонска Каменица. Присуството на секој еден од вас, кои бевте присутни е знак на поддршка и солидарност.

Имајќи го во предвид значењето на вечерта, благодарни сме на сите вас кои ја наполнивте салата со вашата присутност.

-Сакаме исто така да изразиме голема благодарност кон сите вас кои го поддржаа и со своите донации придонесоа за успешна реализација на хуманитарниот настан кој што по втор пат се оддржа во М.Каменица.

-Голема благодарност и до фирмите кои донираа и го поддржаа хуманитарниот настан “Небо Сино”.
– Го-Пласт Караман – Македонска Каменица
– ПЗУ Ројал Медика – Богданци
– Кам Бисер Дооел – Македонска Каменица
– Самостоен занаетчија Спаска Џинова

– Собраните средства се во износ од 112 295,00 денари.
-Истите се наменети за Летна 7 – дневна инклузија за 15 лица со попреченост во придружба на еден родител и стручен тим во Охрид од 11.09 – 17.09.2023!

-На нашите неверојатни уметници кои ја исполнија сцената со своите таленти и ја оживееа нашата вечер, гордо им изразуваме наша најдлабока благодарност. Вашите изведби допреа до нашите срца со вистински емоции.

Со почит,
Фондација Ице Бегов

Leave a Reply

Your email address will not be published.