ФК Каменица САСА со фудбалска лекција за фаворитот Брегалница од Штип

Саса од Македонска Каменица, приреди изненадување и му „скина“ бод на еден од аспирантите за влез во ПМФЛ, штипска Брегалница (2-2). Прва до предност дојде Саса преку Нешовски, а потоа изедначи Ѓорѓиев. Златковски пак донесе позитива за домашните, а штипјани од пораз ги спаси искусниот Ристе Наумов. Добра игра на денешниот натпревар прикажа целиот тим на Каменица Саса. На трибините во Македонска Каменица присуствуваше публика дојдена од целиот источен регион. Присутни беа и 50-на гостински навивачи, кај кои доминираше недолично и хулиганско однесување. На моменти интервенираше и полицијата заедно со редарската служба, на висина на задачата.

Крушевчани беа надиграни од противникот и петпати ја вадеа топката од сопствената мрежа. Човек на одлука на мечпот беше Роберт Митев кој постигна хет-трик, а по еднаш стрелаа Лазар Пеев и Марјан Ристовски.

Кит-Го пред својата публика со минимални 1-0 со голот на Бошко Ступиќ славеше над кочански Осогово, додека струмичка Беласица загуби од Кожуф со 1-2. Стрелци на головите беа Лазаровски и Тодоров.

 

Екипата на ГФК Тиквеш забележа сигурен триумф на домашен терен и со убедливи 5-0 успеа да слави над новајлијата во ВМФЛ-Исток, Питу Гули.

Голем срам доживеа некогашниот прволигаш Победа, кој на домашен терен загуби со 2-5 од Плачковица. Четирикратен стрелец на овој натпревар беше Кудијан, а уште еден гол даде Апостоловски, додека за Победа реализираа Колевски и Гешовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *