ФК Каменица-САСА со бод го отвори пролетниот дел од првенството

Екипата на САСА го отвори пролетниот дел од ВМФЛ сезоната со реми на гостински терен против Кожув (1-1). Стрелец на водечкиот гол за домаќините беше Лазар Стојковски на стартот од второто полувреме, а конечниот резултат го постави Ефтим Аксентиев во 87. минута.

Тешки услови за игра, со многу шанси за победа на гостинската екипа. Сепак реализирани беа само две шанси за гол, по една и на двете страни. Домаќините шанса за гол бараа единствено преку прекин, без некоја изгледна шанса за гол. Одлично поставената игра на Саса во првото полувреме, резултираше со неколку шанси во низа, но без погодок. На почетокот од второто полувреме, од прекин, домаќините успеаа центаршутот на втора статива да го претворат во гол. По водството на домаќините, се играше многу поотворен фудбал. Дамјан Ивановски ја погоди гредата на голот од домаќините, а веднаш потоа голманот на САСА, Бобан Атанасовски одбрани „зицер“ , со што практично ја остави својата екипа во игра. Голот дојде дури во 87-та минута кога нововлезениот Ефтим Аксентиев постигна гол директно од корнер, во стил на големите мајстори на фудбалот. Претходно по грешка на одбраната, една одбиена топка упатена од Дарко Пешовски, кон празната мрежа на домаќините заврши во насобраната вода пред самата гол линија.

Ова беше одличен натпревар на каменичани. Прикажаа игра со многу шанси. Одличен, брз и конкретен фудбал. Иако каменичани се вратија само со бод, одличната игра на подмалдениот тим на Каменица-САСА ветува одличен пролетен дел од ВМФЛ.

Наредното коло Каменица-САСА е слободна.

Leave a Reply

Your email address will not be published.