ФК “Каменица САСА” се врати поразена од гостувањето во Бугарија

06. Август kamenica.mk

ФК Каменица САСА се врати поразена од гостувањето во Бугарија. Со 2:1 екипата на ФК Пирин од Разлог ја совлада Саса.

Иако каменичани на ова свое прво меѓународно гостување прикажаа одлична игра во првиот дел од натпреварот, во второто полувреме домаќините успеаа да го свртат резултатот во своја полза. Куриозитет е фактот што Каменица САСА покажа подобар фудбал додека на терен беа првите екипи на двата тима, пресвртот во играта и резултатот следуваше по неколкуте измени во двата табора.

Стрелец за екипата на ФК Каменица САСА повторно беше Ефтим Аксентиев во првиот дел од натпреварот. Аксентиев во досегашните пријателски натпревари прикажува одлична игра на теренот и е вистинско засилување за каменичкиот второлигаш.

Во наредниот период штом kamenica.mk ќе добие потврда за терминот на одигрување на наредните пријателски натпревари на Каменица САСА во Благоевград, ќе ве известиме благовремено, со надеж дека каменичани ќе бидат во уште поголем број на трибините.

Фото: Драган Костовски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *