ФК “КАМЕНИЦА САСА” ПАТУВА ВО РАДОВИШ ПО СВОИТЕ ПРВИ ВТОРОЛИГАШКИ БОДОВИ

Денес започнува новата фудбалска сезона 2017/18 од Втората фудбалска лига на Македонија. Екипата на ФК Каменица САСА својот прв натпревар го игра на гости против ФК Плачковица од Радовиш со почеток од 16:30 часот.

ФК Каменица САСА во новата сезона влегува со оптимизам и амбиции за пласман во горниот дел од табелата во своето ново второлигашко опкружување. Иако “влечат” неколку повреди кај дел од првотимците, со неколкуте силни засилувања во своите редови и со веќе решените финансиско-материјални предуслови со Рудник САСА и општина Македонска Каменица од Стручниот штаб на тимот ветуваат успех во новата сезона. И денес на својот прв натпревар каменичани заминаа со надеж дека ќе се вратат со освоен бод.

Верната фудбалска публика во Каменица, своја прва можност да ги следи своите миленици ќе ја има веќе во текот на наредниот викенд кога екипата на Саса го пречекува Борец од Велес.

kamenica.mk за резултатските промени и текот на денешниот натпревар навремено ќе ве известува.

Leave a Reply

Your email address will not be published.