ФК “Каменица – Саса” одигра нерешено против ФК “Кит – Го” од Пехчево на стартот од подготвителниот период

received_1348637341830768ФК “Каменица – Саса” на својот прв пријателски натпревар од подготвителниот период, на гостински терен одигра со нерешен резултат против екипата на ФК “Кит – Го” – Пехчево. Натпреварот заврши со резултат 2:2, а екипите резултатски си ги поделија двете полувремиња. Резултатот го отвори екипата на ФК “Каменица – Саса” со голот на Сашко Велиновски по успешната асистенција од Дарко Алексов. Додека вториот гол за екипата на ФК “Каменица – Саса” го постигна Мартин Димовски, а асистент беше Сашко Велиновски.
Избраниците на Тони Анастасовски ги очекуваат уште неколку контролни натпревари пред почетокот на претстојната сезона која започнува на 8-ми Септември. За претстојната сезона од управата на ФК “Каменица – Саса” , преку неколкуте засилувања на тимот и новата организациска поставеност, ветуваат далеку подобри резултати во идната натпреварувачка сезона.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *