ФК Каменица Саса и Академија Пандев утре ќе одиграат пријателски натпревар пред каменичката публика

 

02.02.2018 каменица.мк

Утре, сабота 03. Февруари, на градскиот стадион во Македонска Каменица, со почеток од 13:00 часот, екипите на ФК Каменица САСА и ФК Академија Пандев од Струмица ќе одиграат контролен пријателски натпревар. Овој пријателски натпревар е од особено значење и важност за двете екипи, бидејќи ќе биде искористен од стратезите и стручните тимови, за проверка на тактичката поставеност на теренот и моменталната кондициона и техничка спремност на поголемиот дел од фудбалерите. Во зимниот преоден рок дел од играчите, останаа без ангажман и си заминаа од тимот на ФК Каменица САСА, но од друга страна, тимот е видно засилен и подмладен, како со неколку играчи од силни клубови, така и со неколку фудбалери од своите младински категории. Па ова ќе биде своевиден тест за сите нив и шанса за докажување, а за љубителите на фудбалот во Македонска Каменица убав натпревар за уживање од трибините на градскиот стадион во Македонска Каменица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *