ФК КАМЕНИЦА САСА ЗАПОЧНА КАМПАЊА “ДАЈ ГОЛ, ЗАСАДИ ДРВО”

Македонска Каменица, 13.12.2019 година – Првенствено на Twitter и Facebook, а сега и преку официјалната web-страна на клубот, започна кампањата на ФК Каменица Саса под мотото “Дај гол, засади дрво”. Кампањата подразбира засадување на дрво за секој постигнат гол на клубот во есенскиот дел од второлигашкото првенство.

Општествената одговорност е едно од главните начела по кои се води клубот и истовремено како иницијатор на идејата, ФК Каменица Саса ги повикува и другите клубови да се приклучат. Како резултат на 197-те голови постигнати оваа полусезона, ФК Каменица Саса ќе засади 197 дрвца. Кампањата започнува од утре, истакнуваат од ФК Каменица САСА.

Ја користиме приликата да упатиме благодарност до Рудник САСА, општина Македонска Каменица, ЈП Камена Река, ШС Голак и Treebanks за поддршката во реализацијата на оваа благородна кампања, се вели на крајот од објавениот текст на официјалната веб страна на ФК Каменица САСА.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *