ФК “Каменица САСА” во понеделник го дознава распоредот од ВМФЛ

Во понеделник во просториите на ФФМ ќе се оддржи извлекувањето на паровите за следната натпреварувачка сезона од Втората Македонска Фудбалска Лига Исток и Запад и првото коло на Купот на Македонија.

Ова значи дека Каменица Саса ќе ги дознае своите противници во првата полусезона од лигата.

Вчера се одржа и извлекување со кое се одреди распоредот за новата сезона за млади категории во рамки на системот на Фудбалска федерација на Македонија.

Од пред десетина дена познат е и распоредот на новата сезона во Првата Македонска Фудбалска Лига, а првото коло е закажано за 13 август.

Leave a Reply

Your email address will not be published.