Младите фудбалери од ФК Академија САСА, генерации 2011,2012,2013 утре ќе патуваат на пријателски натпревар во Радовиш против врсниците од екипата на Azzurri.
– Станува збор за добра екипа, со одлични услови за работа, каде нашите млади фудбалери ќе имаат можност да се дружат со своите врсници, да се надигруваат и да ги покажат своите фудбалски вештини, – истакнуваат од ФК Академија САСА
Натпреварите се играат утре, вторник на 11. Април, на Спортскиот комплекс во Радовиш, со почеток од 15:00 часот.