Филип Гоцевски постигна погодок на дебито за ФК Малеш

Пријателска фудбалска средба во Пехчево- Кит- го – Малеш

Попладнево во Пехчево се одигра пријателска средба меѓу второлигашот Кит-го и третолигашот Малеш. Средбата заврши нерешено 1-1. стрелци на головите Стефан Мишев, Кит-го и Филип Гоцевски, Малеш. Филип Гоцевски е млад и перспективен фудбалер од Македонска Каменица, кој во текот на преодниот рок премина во редовите на Малеш од каменичка САСА.

КИТ-ГО играше со фудбалерите кои досега имаа помала минутажа . Играа Богдановски,Јанев, Стојменов, Николов, Тиквешанац, Бајрамов, Мишев, Митев, Кр. Трпчевски, Марио Митев Дојчинов. Уште играа Коцев, Цанев, Георгиев,Михајлов.
По подолга пауза на зелениот терен се појави некогашниот млад репрезентативец, Стефан Мишев, екс фудбалер на Брегалница,кој имаше една сериозна повреда. По подолгото отсуство од зелениот терен, Мишев денеска се појави во екипата на Кит-го. Шефот на Стручниот штаб на Кит-го Емил Грнев е задоволен од играта на Мишев.
„Ме радува враќањето на зеленио терен на Мишев. Играше добро и беше стрелец на голот за Кит-го…“- вели Емил Грнев. Во среда , Кит-го игра со Брегалница- Делчево.
На фотографиите стрелците на головите Стефан Мишев и Филип Гоцевски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *