„ФЕЈСБУК“ ЛАНСИРА ГЕЈМЕРСКА АПЛИКАЦИЈА

Најголемата светска социјална мрежа ги објави плановите за лансирање на нова апликација фокусирана на игри, објави Њујорк Тајмс. Апликацијата првично требаше да биде објавена во јуни, но сепак побрза да излезе и веќе е достапна за Android телефоните.


Новата апликација има за цел 700 милиони месечни активни корисници на Фејсбук кои се вклучени во гејминг содржината на оваа мрежа и ќе има голем фокус на „стримерите“, без разлика дали ги гледате или стримате сопствени содржини – благодарение на „Go Live“ што го олеснува стримингот на нивните игри на мобилни уреди. Исто така, ќе ви олесни да играте игри на Фејсбук.

Апликацијата исто така им овозможува на корисниците пристап до заедниците и групите за игри, така што доколку го користите Фејсбук ќе бидете во чекор со разни игри. На пример, да речеме дека сте заинтересирани за Animal Crossing, игра која е моментално актуелна – оваа апликација е, меѓу другото, да служи како алтернатива на официјалната апликација.

Првично нема да има рекламирање. Наместо тоа, апликацијата ќе заработува пари од системот „sвезди“, што значи дека гледачите ќе можат да ги „почестат“ стримувачите, од кои Фејсбук ќе зема дел. По лансирањето на апликацијата Android, апликацијата за iOS уредите на Apple ќе биде објавена наскоро.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *