Ученици од СОУ Миле Јаневски Џингар присуствуваа на Конференција за граѓанско образование во Скопје

На вчерашната Конференција за граѓанско образование “ГРАЃАНСКО НА ДЕЛО – ОД УЧИЛНИЦА ВО АКЦИЈА” одржана во Скопје, на покана од Проектниот тим за Граѓанско образование присуствуваа претставници од СОУ Миле Јаневски Џингар од Македонска Каменица.

Конференцијата, велат од училиштето, е организирана во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието имплементиран од Македонски центар за граѓанско образование во соработка со Младински образовен форум.

На Конференцијата, како што стои во објавениот текст, беа презентирани и промовирани добрите практики од училиштата при реализација на наставни и воннаставни активности за развој на демократски вредности и граѓанско однесување кај учениците, досегашните постигнувања на Проектот, како и следните насоки за развој на граѓанското образование. Исто така учениците имаа можност да учествуваат во т.н. „Жива библиотека“ и да иницираат дискусија со претставници од различни институции и организации застапени во наставните содржини по Граѓанско образование (Парламент на Република Македонија, Народен правобранител, Еразмус-национална агенција за мобилност, Канцеларија на УНИЦЕФ, Комисија за спречување и заштита од дискриминација, Државна изборна комисија, Државна комисија за спречување на корупција, Црвен Крст, Сојуз на извидници, и Младински образовен форум).

 

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid0wCBNfastT2wztfD19cZYqkxFbHzvtrMvCAAYDNVvhCysHtM8TmxBmXVGXWccaQS1l&id=100003787495605&sfnsn=mo&extid=a&mibextid=7htlnv

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *