Ученици од каменичкото средно училиште го посетија Рудник „Саса“


Македонска Каменица22.05.2018 – Ученици од геолошко-рударска струка I и II година кои учат во СОУ “Миле Јаневски-Џингар” беа во посета на Рудник Саса. Тие се запознаа со безбедносните иструкции во рудникот, како и со начинот на работа, процесите и постапките при експлотација и преработка на олово-цинковата минерализација. Посетата ја реализираа наставниците Ема Стојковска-дипл. геолошки инженер, Славица Илиевска-дип. рударски инженер, Зоран Младеновски-дипл. машински инженер, во соработка со инженер за безбедност при работа Зоран Станојевски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *