Утре (четврток, 25.05.2017), ќе се одиграат полуфиналните натпревари од турнирот во мал фудбал кој се игра во рамки на Меморијалниот турнир „Миле Јаневски Џингар 2017“.
Во 18.00 часот Делириум игра со Џафер во првиот полуфинален меч, а во второто полуфинале, од 19.00 часот, ќе играат Го пласт и Де пласт.
Доколку дозволат временските услови, утре во 17.00 часот, ќе се одигра и женското тениско финале во кое се среќаваат Анастасија Стојковска и Мартина Стоименовска.