Успешен викенд на девојките од ЖКК Баскет Кам

Успешен викенд за девојките од КК Баскет Кам


Вчера се одигра 4. коло од Првата кошаркарска лига на Македонија (жени), во кое ЖКК Баскет Кам успеа убедливо да го совлада ЖКК Шкупи Скопје. Натпреварот во скопски Чаир кој заврши со 42:56 ги зацврсти каменичанки на третото место од табелата со три победи и еден пораз. Наредното коло на 24 Ноември ЖКК Баскет Кам гостува во Битола каде против четвртопласираниот ЖКК Пелистер ги очекува тежок натпревар пред полна сала.
Денес во рамки на Младинската женска кошаркарска лига на Македонија во М-18 категорија КК Баскет Кам, иако ослабен со отсуството на две првотимки заради повреда успеа да приреди вистинско уживање на малубројната каменичка публика. Победата над моќниот Вардар со 85:45 е навистина добар резултат, особено заради фактот што првото полувреме заврши со 49:8 за КК Баскет Кам.
Најуспешна на теренот беше Моника Зафировска со 31 поен, потоа Стефани Колева со 22, Бојана Попова со 21 поен. Со оваа победа КК Баскет Кам е лидер на табелата од ова државно натпреварување во младинската женска кошаркарска конкуренција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *