Уредување на дрвјата во централното градско подрачје на Македонска Каменица

Македонска Каменица, 13.02.2020 година – Екипите на Одделението за одржување и управување со јавното зеленило при Јавното претпријатие „Камена Река“ почнувајќи од 11.02.2020 година, спроведуваат акција за зимно уредување на дрвјата во централното градско подрачје на Македонска Каменица.

Оваа активност, според претходна проценка опфаќа кастрење и кроење на гранките, како и сечење на старите, суви и уништени гранки. На овој начин се обезбедува соодветна подготовка и заштита на дрвјата пред нивното пролетно развивање.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *