Уништени тротоари и новопоставена урбана опрема во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 08.12.2018 година – Несовесните граѓани во Македонска Каменица не престануваат со уништување на новопоставената урбана опрема во градот. Како да беше малку што во изминативе денови кога беа уништени над десетина млади дрвјени садници, па таквото однесување продолжи со уништување на новопоставените тротоари, пешачки патеки и останата урбана опрема во Македонска Каменица.

Македонска Каменица

Нашиот објектив забележа уништени тротоари од “бехатон” плочки и “ивичњаци” од истите, на повеќе места во градот. Состојбата е најлоша на улиците Самоилова и Гоце Делчев, каде граѓаните за плус паркинг место ги преминуваат тротоарите и паркираат во тревните површини позади нив. Од фотографиите во прилог можете сами да се уверите во причинетата штета.

ул. Самоилова

Градските власти и Јавното претпријатие “Камена Река” апелираат до граѓаните да престанат со ваквото однесување, во спротивно ќе следуваат ригорозни мерки и санкции за сторителите. Ваквото однесување не му користи на никој, напротив создава грда слика за градот и дополнително го оптеретува Буџатот на граѓаните со средства потребни за санација.

ул. Гоце Делчев

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *