Сиромаштијата дефинитивно е најголем поттикнувач на креативноста. Доказ за тоа е крадецот во Kина кој украде 800 метри бетонски асфалт и го продаде на фирма за градежништво за околу 600 евра.
Како оправдување, крадецот од Кина, со чудење изјавил: Па што, патот никој не го користеше. Зошто некој да не ги извади камените блокови, да ги продаде и да земе некоја пара од него…
До разјаснување дошло, кога жителите на селото Санкеш пријавиле дека исчезнал патот. Селаните прво помислиле дека патот се обновува, но полицијата наскоро потврдила за што се работи.
Сега селаните од селото Санкеш бараат тој да биде казнет со тоа што ќе мора сам да го поправи патот.
Иновативен маж изнајмил градежен алат и отсекол 800 метри од асфалтот и блоковите ги ставил во камионот кој дошол од откупната компанија. Вкупно препродал околу 500 тони бетон.
Кинеските и корисниците на интернетот од целиот свет масовно го коментираат овој чин.