Украдени вчера поставените клупи со поглед кон Калиманско Езеро во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 26.11.2019 година – Вчера поставените клупи од страна на ЈП „Камена Река“ со поглед кон Калиманско Езеро, денес веќе ги нема. Истите се отстранети заедно со поставените бетонски постаменти.

Оваа урбана опрема беше поставена со цел, на ова попатно место за одмор да му дадеме еден сосема поинаков лик, а во наредниот париод во соработка со ЈП Државни патишта просторот да биде осветлен и доопремен со дополнителна урбана опрема и соодветна сигнализација, изјавија од ЈП Камена Река – Македонска Каменица

Ние како претпријатие задолжено за одржување на урбаната опрема, чистотата и зеленилото во градот со вакви облици на вандализам се среќаваме постојано, но овој пат станува збор за потежок чин бидејќи клупите заедно со постаментите се отстранети од местото, односно најверојатно се украдени од непознати сторители. Сепак, ова нема да не поколеба, ќе продолжиме со уредување на јавните површини, како во градската средина од Општината, така и во периферните делови и влезовите во Македонска Каменица – дополнија од Јавното претпријатие во Македонска Каменица

 

Прочитај повеќе: Контејнерите празни, шутот и отпадоците расфрлани насекаде. Каде е еколошката свест на граѓаните?

Следете не на Instagram и Facebook, или станете наш subscriber на Youtube.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *