Убиен И.Истрефи, човек за кој се тврдеше дека е убиец на Дилавер Бојку Леку

Крвна одмазда во Швајцарија


Во малото швајцарско село Рути, ноќта околу 2 часот, на Божиќ со неколку истрели од огнено оружје бил убиен сопственикот на ресоранот „Барен“ И.Истрефи (51 година) по потекло од Струга.

Швајцарските медиуми известуваат дека станува збор за крвна одмазда и нетрпеливост помеѓу две непријателски македонски семејства, бидејќи се верувало дека Истрефи го убил Дилавер Бојку Леку, чиј пак, брат и син во 2015 година го убиле едниот син на Истрефи на возраст од 23 години, а го раниле помалиот син кој тогаш имал 18 години, на патот кон Горна Белица, Струшко.

Сопственикот на ресторанот бил убиен со неколку куршуми кои биле испукани преку прозорците од правец на улицата. Полицијата пронашла 6 чаури кои биле испукани низ прозорците и насочени кон сега убиениот Истрефи.

„ Швајцарските медиуми тврдат дека сопственикот на ресторанот во Швајцарија не е првата жртва на крвната одмазда. Според нивните пишувања, имало нетрпеливост помеѓу него и семејството на Дилавер Бојку Леку. Според истите извори, првото убиство било во 2015 година, кога Ситем Истрефи (23 години), син на сега убиениот бил застрелан во Струга. Во август 2017 година пак, беше убиен Дилавер Бојку Леку“.

Членовите на семејството на убиениот Истрефи жестоко реагирале на прашањата на швајцарските новинарите дали станува збор за пресметка на два клана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *