Убедливи победи на младинските екипи на ФК Каменица САСА на гостувањето во Росоман

Македонска Каменица, 20.03.2021 година – Младинските екипи на ФК Каменица САСА, Пионери и Помлади пионери, победнички се враќаат од Росоман. Во рамки на 10. Коло од Третата лига за помлади пионери и пионери, славеа со 5:0 односно со 4:0 против соодветните екипи на домаќинот Росоман.

Помладите пионери на ФК Каменица Саса, под водство на Дејан Михаилов, победија со 5:0. Стрелци на головите беа Багевски Иван два, Стоилковски Димитар еден и Михаил Стаменковски два.

Пионерите на ФК Каменица Саса под водство на Блажо Николовски славеа со 4:0 со головите на Атанасовски Филип, Мартин Пауновски, Гоцевски Димитар и Николовски Филип.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *