Стефани Јанева и Матеа Антовска од Македонска Каменица се во составот на кошаркарската репрезентација на Македонија до 12 години
По успешно завршените селективни тренинзи во Скопје, Стефани Јанева и Матеа Антовска заедно со најдобрите кошаркарки во генерацијата 2011 патуваат на седумдневен репрезентативен камп во Маврово.
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ: Квалитетна и поволна монтажа на сите видови керамички плочки (Маркетинг објава)
Ова е одличен успех за двете кошаркарки на ЖКК Баскет Кам по осовеното вицешампионско место во ПлејОф натпреварувањето и нивната супериорна игра во текот на целиот првенствен дел од шампионатот.
Шампионскиот клуб од Македонска Каменица продолжува да реди репрезентаривни имиња од Баскет Кам во скоро сите младински репрезентативни категории. Исто така, Елена Николов, помладата од сестрите Николов, обезбеди место во репрезентивниот состав на Македонија за кошаркарки родени до 2010 година. Марија Николов, една од најдобрите кошаркарки во составот на шампионскиот тим Баскет Кам предничи со својата игра во младинската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години.