УБАВА ВЕСТ: МЛАДИОТ ПЕТАР МИТРЕВСКИ (16) СЕ НАЈДЕ ВО СОСТАВОТ НА ПРВИОТ ТИМ НА ФК КАМЕНИЦА САСА

Како што денеска на социјалните  мрежи објави ФК Каменица САСА, на вчерашниот натпревар деби настап имаше младиот Петар Митревски од Македонска Каменица.

На вчерашниот натпревар против екипата на Фк Слога во состав се најде и 16 годишниот Петар Митревски кој својата фудбалска кариера уште од мали нозе ја започна во Фк Каменица Саса, – велат во краткото соопштение од Каменица Саса

Станува збор за супер талентиран фудбалер од Македонска Каменица. Петар е носител на играта на Саса во сите детски, кадетски и младински категории на клубот. Одлично знае да одговори на повеќе позиции во играта. Добро се снаоѓа во одбраната, а посилна страна му е нападот.

На деби настапот на младиот Петар ФК Каменица САСА извојува значајни три бодови со победата над ФК Слога од Виница.

На Петар Митревски му посакуваме многу успеси во иднина, да гради убава фудбалската кариера. Се надеваме дека одличните настапи и постигнати голови на Петар, ќе бидат причина повеќе за уште многу наши текстови посветени на неговите успеси. Ќе биде причина повеќе, заедно со љубителите на фудбалот да навиваме и да се радуваме на успесите на Митревски и нашата Саса.

 

Пишува: Горан Бразда Ристовски

Leave a Reply

Your email address will not be published.