Најпопуларната наградна игра во Македонија ИГРАЈ БЕЗ НЕРВОЗИ И МЕРЦЕДЕС ВОЗИ ја мина својата целна линија и многу играчи ги довезе на средба со нивните желби. Меѓутоа само двајца на крај добија привилегија да го доживеат она што сите го сонуваа – да ги примат клучевите од својот нов автомобил Мерцедес.

Бранко Стојчевски и Ивица Зарков се победниците на ИГРАЈ БЕЗ НЕРВОЗИ И МЕРЦЕДЕС ВОЗИ и со тоа освојувачи на главната награда, автомобил Мерцедес, секој во својата категорија. Триумфално дојдоа во просториите на Видеолотарија Касинос Австрија на прогласување и доделување на вредните награди. На малата свеченост имаа можност и да наздрават со познати и омилени лица, Едина Муса и Игор Стефановски-Иџе, кои всушност им ги предадоа клучевите од нивните нови „трофеи“.

Ивица Зарков е добитникот во категоријата видеолотариски игри. Тој освои автомобил модел Mercedes Benz c180. Не криеше дека е страстен играч и дека игрите му служат за да се забавува и релаксира. Најчесто играл три игри во исто време и тие се оние кои му донесоа успех, да го освои првото место во поредокот и со тоа да го добие мерцедесот.

Добитникот во категоријата спортско обложување, пак, Бранко Стојчевски, покрај што беше среќен беше и видно изненаден. Тој ја освои наградата автомобил модел – Benz CLA 180 Coupe.

„Искрено, не очекував дека токму јас ќе стигнам до мерцедесот. Ова е вистинско изненадување
а верувајте и за мојата сопруга. Таа ќе биде првата што ќе се вози во него“, истакна Бранко.
Нивната победа во двете категории и добивањето на автомобилите мерцедес е круната на ИГРАЈ БЕЗ НЕРВОЗИ И МЕРЦЕДЕС ВОЗИ, наградната игра, која пет месеци ги забавуваше и ги наградуваше играчите на единствената легална платформа за онлајн игри на среќа, 2win.mk. Покрај Бранко и Ивица, во текот на овие пет месеци или пет натпреварувачки кола, 420 други играчи освоија 420 парични и стокови награди како скутери, велосипеди, електрични тротинети, лаптопи, таблети, телефони, дигитални часовници… Видеолотарија Касинос Австрија и нејзините верни играчи уште еднаш се покажаа како тим кој пред сè забавува и носи радост.