Тројца Британци добитници на Нобелова награда за физика

Нобеловата награда за физика за 2016 година им припадна на Дејвид Фаулес, Данкан Холдејн и Мајкл Костелиц, за откриената егзотична состојба на материјата.

Една половина од наградата му е доделена на Дејвид Фаулес, додека Холдејн и Костелиц ја делат другата половина. Се работи за универзитетски професори кои работат во САД, но се родени во Британија.

enauka.mk

Наградата, според објаснувањето на Нобеловиот комитет, се доделува за теоретските откритија на тополошките транзиции на фазите и за тополошките фази на материјата.

Научниците исто така развиле нивни сопствени математички формули за објаснување на однесувањето на материјата.

Со признанието со Нобеловата награда доаѓа и паричнa награда од 930.000 долари, која ќе биде поделена меѓу тројцата добитници.

caf4a736-4007-4466-901e-4aecbb438f5a_w800_h450

За големо изненадување, оваа награда не беше доделена на директното набљудување на гравитациските бранови, како што беше очекувано.

Директното набљудување на гравитациските бранови е една од најголемите научни напредоци во астрономијата на сите времиња. Не само што беше докажано предвидувањето од страна на Општата теорија на релативитет, туку и отвори сосема ново поле во астрономијата и набљудувањето на Универзумот.

Можеби наредната година ќе биде доделена Нобеловата награда за набљудување на гравитациските бранови, но се разбира дека и ова откритие старо дваесетина години кое денес станува плодно за науката и технологијата е достојно за Нобелова награда.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *