Три кошаркарки на “Баскет Кам” дел од репрезентацијата до 18 години

Македонска Каменица, 05. Јуни 2019 година – Три кошаркарки на ЖКК Баскет Кам од Македонска Каменица се најдоа на списокот од кошаркарската репрезентација во женска конкуренција до 18 години. Моника Зафировска, Стефанија Колева и Бојана Попова се дел од составот на репрезентацијата на Македонија до 18 години.

Репрезентацијата до 18 години во женска конкуренција претстојниот петок ќе означи почеток на официјалниот дел од подготовките во пресрет на Европското првенство (дивизија Б) кое за точно еден месец ќе се одигра во нашата престолнина, Скопје.

Првиот официјален тренинг е закажан за в петок (7. јуни) со почеток во 19:00 часот, во спортската сала „Независна Македонија“ при ОУ „Невена Георгиева – Дуња“.

  1. Тијана Митрева – Mercede Alghero
  2. Ивона Кожобашиовска – Mercede Alghero
  3. Албина Плакај
  4. Катерина Поп Димитровска – Бадел 1862
  5. Наталија Гаревска – Бадел 1862
  6. Матеа Николиќ – Stella Azzurra
  7. Илина Селцова – Ratgeber
  8. Матеа Атанасовска – Basket Stabia
  9. Елена Тасевска – Basket Stabia
  10. Теона Поп-Стојанова – Club Deportivo Promete
  11. Стефани Костова – Club Deportivo Promete
  12. Наталија Секуловска – Бадел 1862
  13. Сара Максимовска – Бадел 1862
  14. Стефани Колева – Баскет Кам
  15. Моника Зафировска – Баскет Кам
  16. Бојана Попова – Баскет Кам
  17. Габриела Модева – Струга 2009
  18. Марија Димитријевиќ – Club Deportivo Promete
  19. Ана Цветковска – Club Deportivo Promete
  20. Рина Салиу – Шкупи

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *