Три возила се судриле на патот Кочани – Македонска Каменица. Две лица се потешко повредени

На 22.11.2019 во 21,30 часот на магистралниот пат Кочани – Македонска Каменица се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Опел Корса“ со винички регистарски ознаки, управувано од К.И. (19) од Виница, патничко моторно возило „Ауди“ со винички регистарски ознаки, управувано од М.Т. (20) од Виница, и патничко моторно возило „Цитроен“ со бугарски национални ознаки, управувано од Љ.И.(34) од Кочани.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле К.И. и М.Т., кои биле пренесени во општата болница Кочани.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Виница.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *