Трето место на „Mobitech Open 2020 “ за Дарио Стојковски од Македонска Каменица

Македонска Каменица 20.07.2020 година – Иако само 6 години, активно се занимава со спорт и тренира самостојно, 24-годишниот Дарио Стојковски од Македонска Каменица редовно се пријавува на голем број тениски турнири во државава. Студира на Филозофскиот факултет во Скопје, каде моментално тренира и се натпреварува.

Последен негов успех е третото место на „Mobitech Open 2020“ турнирот во Скопје , кој се одигра од 17 до 21 јули во Скопје.

Своите големи очекувања во тенисот ги темелам на својот талент и упорноста која во себе ја имам уште од самиот почеток на кариерата. Тенисот не е доволно развиен во нашата држава, па така многу млади таленти престануваат со потребните вложувања, кои и не се така мали. Сепак станува збор за скап спорт, а тениските клубови и школите за тенис се вистинска реткост во другите делови од државата, – истакна Дарио Стојковски.

Дарио за себе знае да каже дека посебно му се допаѓаат стилот и играта на Вавринка, а омилен противник му е неговата помлада сестра Анастасија Стојковска.

Мој омилен противник е Анастасија Стојковска. Мојата помала сестра, со која заедно ги почнавме првите чекори во тенисот. Сите мои успеси ги споделувам со неа, а секако и целото мое знаење несебично и го пренесувам, со цел и таа да земе учество на големи турнири во државата и странство, – дополни Стојковски за каменица.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *