На 31. Мај во Велес се одржа државниот натпревар во женски фудбал помеѓу средните државни училишта. На завршниот турнир девојчињата ученици при СОУ “Миле Јаневски Џингар” со освоеното трето место го постигна најголемиот успех на училиштето во овој спорт.
Им честитаме на младите спортистки од каменичкото средно училиште, посакувајќи им уште поголеми успеси во иднина.