Трето место за ООУ „Св. Кирил и Методиј“ во Државната женска Футсал лига за основни училишта

Во спортската сала на ООУ “Даме Груев“ во с.Куклиш Струмица, на 15. Мај се одржа третиот и завршен турнир на Државната лига во ФУТСАЛ за Основни училишта во ЖЕНСКА конкуренција. На завршните натпревари на Државната лига, беа постигнати следните резултати:


Кочо Рацин-Битола 1 : 8 Св.Кирил и Методиј-Мак.Каменица
Климент Охридски-Скопје 0 : 3 Прпарими-с.Речица Тетово
Видое Подгорец-Колешино 2 : 0 Св.Кирил и Методиј-Мак.Каменица
Ристо Крле-Илинден Скопје 3 : 0 Климент Охридски-Скопје
Прпарими-Речица Тетово 1 : 4 Кочо Рацин-Битола


По овие завршни натпревари и трет турнир, победник и шампион на Државната лига во Футсал за основни училишта – женски, стана екипата на ООУ “ВИДОЕ ПОДГОРЕЦ“ од с.КОЛЕШИНО, која оствари максимален ефект од пет победи на пет натпревари и 10 бода го освои шампионскиот пехар. Втора е екипата на ООУ “Ристо Крле“ од Илинден-Скопје која освои 8 бода, трета е екипата на ООУ “Св.Кирил и Методиј“ од Македонска Каменица која освои 6 бода. На четврто место со 4 бода се пласира екипата на ООУ “Кочо Рацин“ од Битола, петта е екипата на ООУ “Прпарими“ од с.Речица Тетово која освои 2 бода и последна шеста без бодови е екипата на ООУ “Климент Охридски“ од Скопје.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *