Третирање против комарци во вторник и среда во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 29.06.2020 година – Општина Македонска Каменица согласно склучените Договори за терастична и аеросолна апликација на средство за уништување на возрасни комарци ги известува граѓаните дека во среда, на 01 јули 2020 г. во периодот меѓу 04:00 и 08:00 часот наутро, екипи на Друштвото за авиоуслуги „Бониер“ од Куманово на територијата на општина Македонска Каменица ќе спроведат авиотретирање против возрасни комарци.

Претходно, во вторник 30. Јули 2020 година помеѓу 22:00 и 24:00 часот, од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Кочани, ќе биде извршено и терастична апликација на средство за уништување на возрасни комарци во градската средина на општина Македонска Каменица.

Прскањето против комарци ќе се врши со еколошко средство за уништување на комарци – широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Бирото за лекови.

Граѓаните што одгледуваат пчели потребно е да ги преземат потребните заштитни мерки за време и по третирањето на подрачјето.

При несоодветни временски услови, третирањето против комарци ќе биде одложено за следниот поволен ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *