Тренерите на „Баскет Кам“ станаа дел од македонските кошаркарски репрезентации

Пристигна уште еден доказ за успешното функционирање на КК „Баскет Кам“ од Македонска Каменица и одличните резултати кои ги постигнува клубот. Имено, тренерите на „Баскет Кам“, Горан Даниловски и Јордан Цветановски, станаа дел од македонските кошаркарски репрезентации.

Управниот одбор на предлог на Стручниот совет при Македонската кошаркарска федерација ги назначи селекторите за сите возрасни категории, во машка и во женска конкуренција откако сите селектори кои претходно ја вршеа оваа функција беа разрешени.

На овој начин, Горан Даниловски е назначен за ментор на кошаркарите родени 2001/2002 година (М16), кои оваа година во период од 10. до 19. август ќе се натпреваруваат на Европското првенство (Дивизија Б) што ќе се одржи во Софија, Бугарија.

Јордан Цветановски, пак, е назначен за тренер на кошаркарките родени 1999/2000 година (М18), кои ќе се натпреваруваат на континенталното првенство во Даблин, Ирска во периодот од 4. до 13. август.

Во меѓувреме, „Баскет Кам“ бележи одлични резултати и се очекува дека клубот ќе освои барем еден медал сезонава.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *