Тотален хаос на коловозите низ државата. Екипите на терен, сообраќајот или отежнат или блокиран

Според последниот извештај на АМСМ прекин на сообраќајот има на неколку патни правци низ државава.
Денеска од 04:45 часот на Автопат Велес-Скопје од наплатна станица „Отовица“ до Кула воопшто не е во можност одвивање на сообраќајот каде има заглавено повеќе возила.
На регионален пат Тетово – Јажинце кај с.Јажинце поради обилни врнежи од снег сообраќајот е во прекин.
Денеска од 06:00 часот на магистралниот пат А-3 Штип -Кочани поточно од с.Крупиште до бензиска пумпа „Ваго“ поради чистење на снежни наноси сообраќајот е во прекин.
Патнитиот правец од Штипсака петља до Катланово целосно е затворен за сите видови на патнички и товарни возила.
ЗАБРАНИ ЗА СООБРАЌАЈ:Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинските превои Стража,Маврово,Пресека, Ѓавато ,Буково, К.Паланка – граничен премин Деве Баир, Струга – Ќафасан ,Катланово – Велес и обратно.
НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е отворен за сообраќај само за патнички возила по една коловозна лента.
Сообраќајот на државните патишта се одвива отежнато и во зимски услови, по влажни коловози и со остатоци од снег по коловозите по интервенција на екипите на Македонија Пат.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е помала појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.
Во пресрет на студениот бран што ја зафати земјава и ќе трае неколку дена се препорачува до граѓаните да не патуваат и да не излегуваат од дома доколку немаат поголема потреба. Да носат топла облека, да конзумираат топли напитоци и доколку треба да работат на отворено тоа да го прават со паузи.

Leave a Reply

Your email address will not be published.