Тешко повредени македонски државјани во сообраќајна несреќа кај Линц, Австрија

Тешка сообраќајка се случи во Австрија на автопатот Линц. Во сообраќајката учествувале македонски автобус и товарен камион. Во автобусот имало 18 македонски државјани, од кои 2 лица се потешко повредени, но не се во животна опасност и 6 лица се полесно повредени, соопштуваат од МНР за Пресс24 . Нема детали за името на компанијата и превозникот на автобусот. Засега е потврден само бројот на повредените, но не и деталите како дошло до несреќата и која компанија ги превезувала патниците. Според австриските медиуми, по сударот, камионот, кој бил натоварен со дрва, се превртела кабината, а возачот останал заробен. Повредениот возач бил пренесен со хеликоптер во болница. Целосен извештај за собраќајката ќе биде даден по завршувањето на увидот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *