Тешка сообраќајна несреќа кај село Драмче

Рано утрово на регионалниот патен правец Македонска Каменица – Делчево, кај селото Драмче дошло до судир меѓу камион и патничко возило. Според информациите на Гордана Панајотова, портпарол на СВР-Штип, во несреќата потешко е повреден возач на патничко возило.

-Несреќата се случила во 9:05 часот на патот Делчево-Каменица, во близина на село Драмче. Учесници во незгодата се возач на патничко возило Опел омега со кочански регистерски таблички и возач на товарно возило „Мерцедес“ со штипски регистерски таблички. Во несреќата 44-годишниот возач од Кочани се здобил со тешки телесни повреди, информира Панајотова.

Додава дека по несреќата повредениот возач бил префрлен најпрвин во Клиничка болница во Штип, а потоа бил транспортиран во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

По извршениот увид детали за причините за несреќата ќе бидат соопштени дополнително.

Очевидци кои се движеле на споменатиот патен правец сведочат и за излетување на возило на патниот правец Македонска Каменица – Делчево кај селото Илиово. Како причина тие го наведуваат лизгавиот коловоз и неприлагодената брзина на возилото. 

Leave a Reply

Your email address will not be published.