Тешка сообраќајна несреќа кај Македонска Каменица. 16-годишно момче пренесено на Клинички во Скопје

 

Извор: Дневен билтен на МВР

Тешка сообраќајна незгода се случила вчера околу 15:30 часот на локалниот пат меѓу село Моштица и Македонска Каменица.

Во сообраќајната незгода учествувале мотоцикл „Томос“ управуван од 16 годишно момче од село Саса и патничко моторно возило „Поло“ управувано од 21 годишниот Д.М. од село Тодоровци.

Во несреќата 16 годишното момче се здобило со тешки телесни повреди, поради кои откако му била укажана лекарска помош во амбулантата во Македонска Каменица, бил префрлен на Комплексот клики „Мајка Тереза“.

Од полицијата известуваат дека бил извршен увид на лице место.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *